ГРУЕВСКИ повторно се изгуби, не бидете сурови кон него

Живот

За лудиот човек викаат дека е најтешко. Тој не знае дека е луд, туку мисли дека останатите сме луди, а тој е нормален. Затоа треба да му се помогне, а не да бидете сурови кон него.

На својата фан страна, поранешниот премиер Груевски се обиде да искаже жалост по повод смртта на Марјан Додовски, негов „соработник“ во политиката, за кого своевремено имаше најпогрдни зборови. Но тука не е проблемот во глумата на ожалостен човек, туку во она кое го напиша.

„Со жалење ја примив веста за прераното и ненадејно заминување на мојот поранешен колега Марјан Додовски со кого во владата предводена од Љупчо Георгиевски работевме заедно мноштво проекти, а најзапамтен остана проектот за спас на дојранското езеро каде Марјан ја имаше главната улога.“

Ние навистина со жалење можеме да констатираме дека Никола е болен човек, на кој треба да му се помогне, а не да бидеме сурови кон него. Колку треба да си болен, да се обидеш на мртов човек да му украдиш заслуги и тоа на денот кога починал? Буквално Груевски немаше никава улога во проектот за спас на Дојранско езеро, кој беше изворен проект на Додовски. Но болеста на Никола е тешка, тој па тој па тој, така испадна дека тој бил исто дел од проектот, а Додовски не може да одговори. Прв пат да изјавиш нешто, откако човекот е мртов и не може да одговори, колку треба да си болен?

На болниот му е најтешко, Никола не знае дека е болен, затоа не му замерувајте, не бидете сурови, кој може нека му помогне!