
CKAHДАЛ: Paда кaко Гoца, фopмирала пapтиска полициja вo одбpaна (докyменти)
Нов скандал го тресе Министерството за одбрана, откако вработени во Секторот за поддршка на министерот до медиумите доставија документи за формирана партиска полиција на Шеќеринска со цел да прогонува политички неистомисленици и непослушници во таа институција.
Шеќеринска за извршители во таа партиска полиција ги избрала строго лични послушници и докажани активисти на СДСМ, на чело со ликот Мирјана Штеријова, проверен активист на СДСМ од Куманово, тетка на локалниот лидер на таа партија, против законски поставена за Раководител на Сектор за поддршка на министер од страна на Шеќеринска, целосно спротивно на Закон за државни службеници. Станува збор за исклучително неписмен партиски кадар, што токму од нејзиниот сектор излегуваат документите во јавност. Толку ја бивало партиската шефица на полицијата на Шеќеринска во одбраната, што не си го контролира ниту својот сектор.
Останатите двајца офицери на АРМ се дирекно послушници на Шеќеринска, распределени од АРМ во министерството со нејзино решение. Со оглед на фактот што станува збор за потполковници чие унапредување во кариера во чин полковник зависи само до неа, јасно било зошто извршувале инквизиторски и неетички задачи. Министерот за одбрана унапредува во чин полковник, без мешање на врховниот командант. На тој начин тие двајца биле приморани слепо да извршувуваа партиски задачи дадени од шефицата Рада.
Еден од активистите на партиската полиција е вработен по договор на дело, дирекно однесен од штабот на СДСМ во Министерството за одбрана. Тоа е доказ за целосна партизација на одбраната и Армијата, што е целосно спротивно на Устав и закони.
За да биде скандалот поголем, со истото решение Шеќеринска им наредува на сите раководители во одбраната да се поттчинат на оваа партиска полиција и да извршуваат се што ќе им наложи таа криминална банда, која треба да одговара за злоупотреба на службена положба и овластување.
Ова веќе го надминува однесувањето на Гордана Јанкуловска или познатата Гоца МВРО на Груевски, која во МВР имаше партиски и службен изборен штаб. Веќе и Гоца да и позавиди на Рада, ниту на неа не и текна да формира партиска полиција во МВР.
Видно од документите, формираната комисија со партиски војници, лојални на шефица Рада имала задача да врши инспекција во организационите единици на Министерството за одбрана и покрај тоа што тоа министерство си има цел Сектор за инспекција во одбраната, но и Служба за безбедност, кои не и биле по вкус на Рада. Тие биле полни со „вмровци“ според нејзините зборови, па морала спротивно на цел воспоставен систем, да инсталира партиска полиција која ќе прави инспекција во одбраната. Со тоа бил нарушен целосниот безбедносен систем во одбраната и Армијата, особено безбедноста на клучниот персонал за соработка со НАТО.
На почеток таа група се занимавала со дисциплинирање на вработени во министерството во врска со работно време или користење на паузи, за потоа да прерасне во вистинска инквизиција која контролира социјални мрежи, кометари на истите, јавни настапи, боледувања, породилни отсуства, политички ставови и активизам во „непријателски“ партии за Шеќеринска и сл.
Шеќеринска спротивно на сите безбедносни НАТО протоколи им наредила на Секторот за безбедност и разузнавање да бидат на располагање на партиската полиција и да и ги предаваат сите документи кои тие ќе ги побараат. Таа злоупотреба на доверливи информации е дополнителен основ за кривична одговорност на Шеќеринска, Дражо Николиќ и нивните соработници од Воената служба и од партиската полиција.
На удар биле сторого партиски неистомисленици на Шеќеринска, без разлика од која партија доаѓаат. Имало и такви кои настрадале поради поинакви ставови внатре во СДСМ од тие на Шеќеринска, бидејќи таа инсистирала само на лична лојалност кон неа.
Забеганоста достигнала максимум кога партиската полиција започнала да дисциплинира и припадници на АРМ, особено оние на Воената полиција и Специјалните сили. Замислете партиската полиција на Рада вршела инспекции во Воената полиција на АРМ и казнувала нејзини припадници поради објава на слики на социјални мрежи со нивна приватна содржина или со старо знаме на Македонија или зашто пишувале на фејзбук Армија на Република Македонија, а не на Северна. Букавално бил вршен прогон на припадници на АРМ кои одбивале да користат Северна, од партиската полиција на Рада.
Ова веќе го надминува времето на режимот на груевизмот, злоупотреба на службена положба и овластување се евидентни, за што следува истрага и кривична одговорност за министер Шеќеринска и државен секретар Дражо Николиќ.
АРМ жестоко реагирала поради злоупотреба на офицери во таа партиска полиција на Шеќеринска, но министерката продолжила со злоупотреби на офицерскиот кадар на Армијата во партиски цели.
Информациите за овој најнов скандал од ова министерство ќе бидат проследени и до дипломатските претставништва во земјава и други меѓународни организации кои се загрижени од скандалозната злоупотреба на институциите во партиски цели и исполнување на задачи кои се од личен интерес на партиските министри, а не во интерес на државата.
НАТО стандарди не дозволуваат вакво однесување во Армијата или министерството, за што се очекува да се отвори истрага за утврдување на одговорност за сите инволвирани лица.