
Хари Костов ВЕТЕР ВО ГРБ на Мијалков!?
Апелациониот суд донесе одлука со којашто го ослободи поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, а не Комерцијална банка, реагираат од банката откако во јавноста се отвори дебата како банката и дала предност на државата на дел од имотот што го даде Мијалков како гаранција и по интервјуто на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во кое тој изразува сомнеж на согласноста што ја дала банката. –По барање на Бест Веј како хипотекарен должник за гаранцијата за Сашо Мијалков, а и по барањата на Обвинителството, во два наврати, во мај и во октомври 2021 година, Комерцијална банка само се согласи државата да има прв приоритет над понудениот имот (наместо приоритетот на Комерцијална банка) и Комерцијална банка да стане доверител од втор ред.
На товар на тоа што одобри државата да има прв приоритет, Комерцијална банка од хипотекарниот должник побара и доби ново дополнително обезбедување во хартии од вредност (акции) и градежно земјиште, објаснуваат од банката.
Тие го демантираат тврдењето на Јовески дека Обвинителството во целата постапка што се водела за понудената гаранција зазело цврст став да не се прифати понудената гаранција.
-Едноставно, ова воопшто не е точно. Впрочем, уште во мај 2021 година, Обвинителството се согласи да ја прифати понудената гаранција.
Всушност, Обвинителството го прифатило понудениот имот со прв приоритет на државата како гаранција. Доколку денес извадите имотни листови од Катастарот за понудените недвижности и опрема, ќе видите дека државата е запишана како доверител од прв ред, а Комерцијална банка од втор ред и затоа сега нема потреба од никакви замајувања и дезинформации, додаваат од банката.