БУГAPCКА PAБОТА баpaaт пазap cо CAД, ги шитнaa кyтpињата од Maкедонија

Балкан

Турбофолк ченгето и наводно претседател на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов предлага пазар помеѓу Бугарија и САД со ЕУ на сметка на Македонија. Тој бара да извлече голема добит од блокадата на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, а повлекување на ветото да го пазарат со нови привилегии за Бугарија во ЕУ и САД, а тукашните кутриња, бугарчиња во професија кои лаат по нарачка од Софија целосно ги заборавија и ги оставаат на милост и немилост на „удбата“, како што секогаш правеле низ минатото.

„Бугарската работа“ оди дотаму што условите овојпат не се упатени кон нас, туку кон ЕУ и САД. Бугарија да влезе во шенген-зоната, а САД да воведе безвизен режим за бугарските граѓани за влез во земјата е цената што треба да ја платат ЕУ и САД за да биде тргнато бугарското вето за Македонија.

Турбофолк ченгијата изјави дека „темата Македонија, извинете – темата Северна Македонија е важна за сите Бугари. Затоа што тоа е дел од нашата национална историја и најважно – затоа што над 200 илјади бугарски војници загинаа за слободата и обединувањето на оваа земја“.

Бидејќи и јас сум Бугарин и ми е важно, ќе го споделам моето мислење. Еднаш отидов во Македонија. Во Скопје, спроти бугарската амбасада, имаше голема табла со спреј. Натписот гласеше: „Бугари, умрете!“ …

На 10 јануари ќе има советодавен совет на претседателот, темата е Македонија, извинете – Cеверна Македонија, затоа што Македонците сакаат да станат членки на Европската Унија, а Бугарија ги блокира и сите сме под притисок да ги пуштиме. И покрај сите факти што ги наведов погоре.

А што да правиме сега, драги Бугари, кои не се срамите да се нарекувате Бугари и со гордост и достоинство во душата да го носите концептот „Бугарин“?

Ќе ви кажам што мислам. Бидејќи Американците толку многу сакаат Cеверна Македонија во Европската Унија, нека на граѓаните на Бугарија, како и на граѓаните на повеќето земји во Европската Унија, не им треба визи за да одат во Америка. Односно, ние сме полноправна членка на ЕУ и бугарските граѓани, бидејќи се Европејци, не им требаат визи за да одат во Америка.

И второ, повторно, бидејќи сме полноправна членка на Европската Унија, Бугарија мора веднаш да стане членка на Шенген зоната. Безбедени од чекање, чекање и ние треба да бидеме Европејци, но ние сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи – веднаш нема визи за Америка и за членките на Шенген.

Штом САД и ЕУ сакаат да бидеме лојални партнери, добро, но лојалноста е двонасочна. Ние ќе им бидеме лојални, но тие нека ни бидат лојални. Ова е фер. И така е правилно.

Толку од бугарските „принципиелни“ позиции и историски вистини, пак се понудија за пазар да земат нешто како „цигани“ на цреша. Бугарија повторно ја докажа својата мизерија како држава и општество, во однос на македонското прашање.