СДСМ со тужба против Богојески. Тој им понуди зелено џамче!

Изјави, Македонија, Политика

Според информации од СДСМ, правна служба, се подготвува тужба до Богојески. Тужбата била дирекна нарачка од Заев. Целта е да се заплаши Богојески и да се повлечи од политичкиот активизам. Основ за тужбара било тврдењето на Богојески за постоење на терористичко џихадистичка келија во СДСМ. Проценката е дека Богојески е проблематичен за незадоволните од Заев во СДСМ. Тие бараат нормална опција која би ја поддржале. Доколку Македонски Концепт понуди свои кандидати, мноштво од СДСМ би гласале за нив. Тоа Заев и Шеќаринска сакаат да го спречат.

Минатата недела бевме сведоци дека акцијата прва ја започна Шеќеринска. Таа започна дисциплинска постапка против Богојески. Проценката е дека ќе му се заканат со работно место и ќе го замолчат. Богојески на тоа одговори дека подобро е Шеќеринска да внимава на НАТО сертификатите. Особено на која страна застанува. Дали НАТО може да биде на страна на џихадисти? Тоа го направи Шеќеринска со застанување на страна на џихаидстите од Движењето за слободна Палестина.

Интересно е зошто СДСМ, Заев и Шеќеринска маваат врз Богојески, а го амнестираат Апасиев. Познато е дека лидерот на Левица се служи со говор на омраза. И тоа на секој настап. Зошто до сега СДСМ не подднеле тужба до Апасиев или до Левица? Очигледно е дека тие работат за власта.

Заев во Парламент изјави дека имаат договор со Апасиев. Дека го финансира. Му дава пари за пратениците од Левица да бидат златна резерва на СДСМ, доколку е потребно. Во клучен момент.

Се покажа дека во оваа измината година, пратениците од Левица неколку пати останаа во парламент и гласаа за предлозите на СДСМ. Или доволно беше што останаа во салата и направија кворум. Иако ВМРО ДПМНЕ ја напушташе салата.

Се обидовме да стапиме во контакт со Богојески и Заев.

Богојески кратко коментираше дека има сознанија за такви активности на СДСМ, но во моментов не може да даде детали.

Заев и СДСМ молчат и не известуваат. Дали е точно дека власта прогонува неистомисленици. СДСМ го обвинуваше Груевски за прогон на политичари. Сега СДСМ се однесува двојно поавтократски од режимот на Груевски.

Следуваат интересен период. Богојески најави акција против бандите во СДСМ. Апасиев исчезна од јавност после заканите на Заев дека ќе ја објави вистината за финансиите на Левица. Заев упорно се обидува да биде Груевски. Ќе биде жешко лето.