PУCИJА yште чeка одговop oд HATО, кoj чекa ќe дoчека

Свет

Русија последните месеци од 2021 година ги потроши во молење на договор со САД и НАТО, но таков договор не доби. Кој чека ќе дочека, рекле стари. „Русија не доби никаков суштински одговор на нејзиниот предлог за безбедносни гаранции“, рече денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Агенција Анадолија.

Русија падна на тоа дно, што започна да се надева на зборови и гласини. „Ги слушнавме зборовите повикувајќи се на различни извори во врска со подготвеноста да се дискутира за нашата молба, и ова е веројатно позитивен фактор. Но, сè уште нема суштински одговор, па затоа е прерано да се даваат проценки“, изјавил Песков за новинарите во Москва.

Песков призна дека разговорите за безбедносните гаранции може да пропаднат, дека Русија никој не ја смета за ништо, додавајќи дека Русија разгледува широк спектар на опции во случај на распоредување на воената инфраструктура на НАТО во близина на нејзините граници. Тие само разгледувале, и се правдаат зошто правеле воени вежби на нивна територија.

„Не е тајна дека распоредувањето на различни видови оружје на НАТО во близина на нашите граници, кое може да претставува опасност за нас, ќе бара преземање соодветни чекори за да се балансира ситуацијата. Овде се можни различни опции“, истакна тој.

Во одделна изјава, рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, ги повтори зборовите на портпаролот на Кремљ, велејќи дека Москва сè уште чека одговор од Вашингтон.

Рјабков додаде дека Русија го земала предвид ставот на ЕУ во однос на осигурувањето безбедносни гаранции за Русија, но сепак инсистира на билатерален процес на разговори со САД. Со ова Русија се обидува да ја понижи ЕУ, што никако не им појде од рака.

„Ние поточно на САД им нудиме спроведување на билатерални преговори на оваа тема. Што се однесува до другите формати, желбите на одредени личности, претставници на одредени структури, се разбира, ги земаме предвид, но тоа не значи дека го менуваме нашиот став“, рече тој.

САД целосно ги игнорираат молбите за разговори, без да навлезат во плановите на Путин за дополнителни услови и барања. „Но, тоа итно ни е потребно бидејќи ситуацијата е многу тешка, акутна, има тенденција дополнително да се искомплицира, така што не можеме да одложуваме, подготвени сме веднаш да ги започнеме овие преговори“, рече рускиот заменик министер.

Русија падната во очај дури порачува дека доколку разговорите за безбедносните гаранции успеат, односите меѓу Русија и САД можно е да се подобрат.

„Засега нема напредок во билатералните спорови, вклучително и визните прашања и работата на дипломатските претставништва“, потенцираше Рјабков.

Рускиот претседател Владимир Путин го повика НАТО да започнат разговори со цел да ѝ се обезбеди на Русија сигурни, правно обврзувачки и долгорочни безбедносни гаранции.