ПРЕПОРАКА што да барате од партија во 2022, ова се ТОП платите во државно

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Ако немаш „решение од државно“, не си вработен викаа старите! Во грижа за вас граѓаните, ви споделуваме информација кои места во државно се најплатени, за да им ги барате од партијата каде „лепите плакати“!

Според Државниот завод за статистика (ДЗС) просечната месечна исплатена нето-платa по вработен, во октомври годинава изнесува 29.145 денари.

Според податоците на ДЗС, највисоката нето плата е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 73.540 денари. Да не се грижите ако не сте ИТ инженери, тоа нема врска, во партија ви измислуваат услов образование. Виа да си отидете и да си побарате место и да пробате, сигурно знаете да програмирате? Од каде да проверите, ако не ве вработат на инженерско место? Па и да не знаете, ќе се научите еден ден, затоа во партија трчате, нели?

Доколку не Ви даваат, следи да побарате места под опис – Останати стручни, научни и технички дејности – 49.352 денари. Ништо не е страшно, и онака сите тие доктори и научници по цел ден спијат, вие барем работите во партија. Сте заслужиле едно место во УКИМ, МАНУ, па и во лабораторија за нуклеарна физика. Што мислите, тие знаат повеќе од Вас? А имаат ли тие искуство од дежурање во штаб? Да не се откажувате, од партија тоа ви го должат! Барем шефица на лабораторија на клиника!

Доколку ептен од партија ви даваат отпор и не ви даваат такви места, можете да побарате работно место, нешто поврзано со фармацевски производи и фармацевски препрати – 47.933 денари. На пример во Агенција за лекови, таму само листови има, и онака лековите се исти, што е битно од каде доаѓаат? Овој народ е навикнат да прима, па нека прими нешто по избор на трговците, не мора голема стручност за тоа, па да се контролира што се внесува во Македонија. Ова дефинитивно е вашата заслужена работа, фармацевски факултет и онака е курс, голема работа дали некој завршил. Знаете и вие, не се откажувајте!

Бидејќи има по некој безобразен во тоа партиите и се прави „главен“ и ви паламуди со грижа за граѓани, па здравје и сл, не се расправајте. Слободно може да ве вработи во Воздухопловен транспорт – 45.656 денари клап на први во џепче. Авионите сами летаат, вие треба само да стоите на прозор во Аеродром Скопје, а може и во Охрид, и доволно е да ги гледате, стравот да им го држите. Онака, само да покажувате загриженост и готово, вие сте подготвени за цивилна воздушна пловидба. Ако сте од „скопско крило“ во партијата, може да се обратите и на Рада Шеќеринска, пробајте и во воено воздухопловство. Исто е! Таа може и полоти да ве направи, како оние од Арачиново!

Ако веќе не ви даваат ниту тоа, можете да се пробате во финансиско-услужни дејности, агенции за супервизија, осигурување и
пензиски фондови – 44.995 денари. Можете и во УЈП, инспектор – инспектор, да се матка нешто. Кој ви дава, не бидете будали. Плус има лапачка од таму, народ плаќа арач, некогаш и по двапати месечно! Слободно да си побарате и за ова да не попуштате никако! Тука нема лекови, авиони, компјутери, опасност по живот, тука има само лапачка! Тоа вие го заслуживте со тоа трчање во партија. Земето го и само напред!

Оваа 2022 година вие ова го можете!