CPБИЈA со наjголема вojска од земjите на поранешна CФPJ

Балкан

Србија сè уште ги има најголемите вооружени сили во поранешна Југославија, а тие сочинуваат околу 40 насто од бројот на сите армии создадени по распадот на СФРЈ, пишува порталот Балканска безбедносна мрежа. Србија има околу 22.500 под оружје, потоа Хрватска со 14.836 и БиХ со 14.431. Македонија има 6.850 војници, Словенија има 5.889 активни војници и Црна Гора 1.720 војници.

„За разлика од другите, Србија има голем број институции за образование, воена медицинска заштита, истражување и развој на оружје и логистика. Некои од нив се Воената академија, Воено-техничкиот институт, Воено медицинската академија, Воената болница во Ниш и институтите во Чачак, Крагуевац и Батајница“, се вели во текстот.

Но Македонија не заостанува по тие капацитети. Ние со нашата воена школа за пилоти бевме лидери на Балканот, се додека истата не беше уништена од криминалното раководење на Шеќеринска и Дражо Николиќ, кои не можеа да се помират со предноста која ја имаше АРМ пред ВС, војска на Србија.