
CAД cо три бopбени гpyпи ocтанува вo Cpeдоземно мope, Pycија плaче
Секретарот за одбрана Лојд Остин и нареди на офанзивната група на носач на авиони на американската морнарица да остане во регионот на Средоземното Море наместо да продолжи кон Блискиот Исток, поради загриженоста за акумулацијата на илјадници руски војници во близина на границата со Украина.
Официјален претставник на одбраната во вторникот рече дека промената на распоредот на USS Harry S. Truman и петте американски воени бродови што го придружуваат, ја одразува потребата за постојано присуство во Европа. Тоа е неопходно за да се уверат сојузниците и партнерите на САД во регионот, рече функционерот, кој сакаше да остане анонимен за да разговара за деталите за воено распоредување.
САД и западните сојузници гледааt со загриженост на трупањето руски војници во близина на границата со Украина, бројката порасна на околу 100.000, поттикнувајќи стравувања дека Москва се подготвува да ја нападне Украина.
Русија го окупира украинскиот полуостров Крим во 2014 година и набргу потоа им даде поддршка на паравоените руски единици на истокот на земјата. Во текот на повеќе од седум години, во борбите загинаа над 14.000 луѓе и го опустошија индустриското срце на Украина, познато како Донбас.
Русија негира каква било намера да започне нова инвазија и наместо тоа ја обвини Украина дека планира да употреби сила за да ја врати контролата врз териториите што ги држат бунтовниците поддржани од Москва. Украина го отфрли тоа тврдење.
Ударната група Труман вклучува пет американски бродови – крстосувачот USS San Jacinto и разорувачите со наведувани ракети USS Cole, USS Bainbridge, USS Gravely и USS Jason Dunham. Со нив е и фрегатата на Кралската норвешка морнарица HNoMS Fridtjof Nansen.
Бродот Труман го напушти матичното пристаниште Норфолк, Вирџинија, на 1 декември и влезе во Средоземното Море на 14 декември. Беше планирано да продолжи во регионот на Арапскиот Залив, но останува покрај Грција со намера да навлезе во Црно Море по потреба.