ФРАНЦИЈА затвора џамии поради радикален ислам

Европа

Француските власти затворија џамија во регионот Оаза поради радикални проповеди на имами кои го бранат џихадот. Џамијата во градот Буве ќе остане затворена шест месеци, соопштија локалните власти, пренесува Индекс.

Властите во регионот Оаза соопшти дека имам ги нарекол џихадистите херои во своите проповеди и дека поттикнува омраза и насилство.

Пред две недели францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека процесот за затворање на Големата џамија во Буве, 100 километри северно од Париз, е започнат бидејќи имамот во своите проповеди ги критикувал Христијаните и Евреите.

Правниот застапник на здружението кое раководи со џамијата рече дека зборовите на имамот, кој неодамна преминал во ислам, биле извадени од контекст. Тој додаде дека е суспендиран.

Но, Министерството за внатрешни работи рече дека човекот, за кој џамијата рече дека само повремено проповедал, всушност функционирал како редовен имам и често ја бранел ригорозната практика на исламот и неговата супериорност над законите на Републиката.