ПУТИН ќе доаѓа во Белград под силно обезбедување преку Бугарија

Забава

Според договореното со Вучиќ, рускиот претседател Владимир Путин планира посета на Србија, најверојатно ќе се реализира долгонајавуваната посета на Белград. Поради тензиите со западните земји, тој на белградскиот аеродромот ,,Никола Тесла” ќе слета преку премин во воздушниот простор на Бугарија. Таа земја дозволи пренос на руско оружје за Србија, а ќе дозволи и премин на авионот на Путин.

При посетата на Белград, Путин и неговиот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ ќе им дадат јавна поддршка на антимакедонските планови на српската црква, најверојатно во храмот „Свети Сава“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин ќе го обезбедуваат илјадници српски, но и руски полицајци. Се шпекулира за бројка од 7.000 припадниците на Министерството за внатрешни работи, кои ќе преземат максимални мерки за безбедност, а ќе биде изменет и режимот на сообраќај во одредени делови на Белград. Исто така, се шпекулира дека во Белград ќе стигнале околу 250 најелитни руски специјалци, како и личното обезбедување на рускиот претседател.

Покрај рутата по која ќе се движи Путин, храната, интернетот и редовните снајперисти, руските специјалци наводно планирале да бидат со развиена технологија за спречување напади со дрон, каква што нема во Србија.

Во обезбедувањето на Путин ќе учествувала и српската војска. Три српски „мигови“ би требало да го следат авионот на Путин од моментот кога ќе влезе во воздушниот простор на Србија.

Се очекува десетина негови обожаватели од Македонија да го посетат Белград за да им ги исчистат кондурите на Путин и на господин Вучиќ, но како што претходно беше најавено, за време на посетата на Белград нема да биде дозволено слободно движење на будалетинки. Денот на посетата не се соопштува отворено, од страв од наплив на такви фанови од Македонија.

Многумина во Македонија ќе се најдат разочарани поради игнорирањето на Путин кон нивната потреба од внимание.