ПРОФЕСОР од Белгија (видео), бугарски зет ги посрамоти Бугарите за мак јазик

Балкан

Универзитетскиот професор и познат балканолог од Белгија, Рајмонд Детрез, зборувајќи за спорот меѓу Софија и Скопје, вели дека Бугарија не успева да ја објасни својата позиција на ниво на ЕУ, а и дека е прашање дали таа позиција може да се објасни.

Во интервју за Бугарската национална телевизија, Детрез, кој е оженет за позната бугарска поетеса и течно зборува бугарски јазик, вели дека во светот има безброј примери на литературни јазици, државни, официјални, стандардизирани јазици кои се формирани врз основа на еден континуум на дијалекти. Како примери ги споменува скандинавските јазици, јазиците на просторите на поранешна Југославија и порачува дека секоја држава има право да си го нарече јазикот како што сака.

Рајмонд Детрез, Фламанец од Белгија, универзитетски професор, балканолог, оженет со бугарската поетеса Маја Панајотова, во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ) зборува за спорот меѓу Софија и Скопје, ставовите на Запад за тоа прашање, ги објаснува своите ставови за македонскиот јазик, прави паралели со Скандинавија и екс-југословенските простори, зборува за тоа дали новата влада во Бугарија треба да ја деблокира земјава…

Целото интервју на следниов линк: