
Еве за кого е наменета владината ПОДДРШКАТА од 30 милиони денари!
Владата на денешната 130-та седница донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот за 2021 година за реализација на Програмата за поддршка за печатените медиуми.
Согласно одлуката, како што информираат од владината прес-служба, 30 милиони денари ќе им бидат распределени на 11 медиумски компании кои ги исполниле условите на јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција.