Заев за Левица: Тие се радикална десница!

Македонија, Политика

Премиерот Зоран Заев нарачано ја искритикува Левица. Со тоа Заев постојано се грижи за висок рејтинг на таа партија. Самиот тој во Собрание изјави дека ја финансирал Левица и Апасиев за изборите.

Тој ја карактеризира политичката партија Левица како „голем фејк во нашето општество’. Според него, тие се претставуваат како левичари, но всушност се радикални десничари.

„Тие не се иднината на оваа земја“ кажа премиерот на Република Северна Македонија и лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Фокус“.

Тој додаде дека лесно е да се собираат националистички и популистички поени. Но јуначки е да се решаваат проблемите и да се спроведуваат решенијата.

„Тие често зборуваат невистини и ги охрабруваат младите, но не само што ќе биде поразително за тие млади, туку ќе им ја скрши душата“, кажа Заев.

За локалните избори, премиерот Заев повтори дека очекува видлива и недвојбена победа, која според него, ќе зависи од коалициониот настап како и од изборот на личности.