ДКСК со постапка против Рада и Дражо за корупција

АНАЛИЗА

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) согласно законската и подзаконската регулатива, отвара предмети за корупциско однесување на високи државни функционери по допрен глас, без разлика на објавените докази, кои по отварање на постапката ги прибавува.

Во случајов станува збор за корупцискиот скандал во кој се вклучени министер Радмила Шеќеринска и државен секретар Дражо Николиќ, кои ги злоупотребиле своите службени положба и овластувања во делот на јавните набавки во Министерството за одбрана и АРМ.

Станува збор за скандалозна објава на нашиот медиум, каде се приложени и докази / документи за сторениот криминал. До овој момент ДКСК не се произнесе за тој предмет.

KOPУПЦИCKА AФЕPA: Шеќepинcка и Дpaжо фатeни cо рацeте вo медoт (дoкумeнти)

МКДенес преку електронскиот систем на ДКСК ги извести за постоење на тој предмет и побара одговор од Комисјата дали постапила согласно закон и дали отворила предмет за истрага на сторениот криминал?

Во секој момент очекуваме одговор од Комисјата за корупција, за што ќе бидете навремено известени!