
Ова е МОДЕЛОТ на Ковачевски за поделба на партиски функции
Програмата ќе се базира на социјал-демократски вредности, фер шанса за сите кадри кои ги исполнуваат професионалните услови за да бидат назначени на институционално ниво. Меѓутоа и отворање на партијата кон сите оние може да допринесат со својата активност во зајакнување на партијата и нејзиното работење, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски пред денешниот Централен одбор на партијата.
Тој вели дека никогаш не ги дели кадрите на стари и нови туку на оние кои допринеле повеќе или помалку во развојот и градењето на партијата.
„Ќе предложам Извршен одбор во кој ќе бидат застапени 50 отсто жени, 50 отсто мажи за да се запази родовата еднаквост за која се залага СДСМ. 33 отсто ќе бидат млади и ќе бидат запазени сите плански региони во државата да бидат застапени во Извршниот одбор.
Партијата е обединета бидејќи имаме 120 членови на ЦО, денес ќе имаме уште 10 нови членови и заедно со општинските организации СДСМ преставува најсилна и најголема партија во државата“, вели Ковачевски.