ЖECTОКА ВИCTИНА: Кoj гo пензиониpaше „кобpичетo“ Шеќepинска

АНАЛИЗА

Радмила Шекеринска ПРИНУДНО ја завршува својата политичка кариера, која трае од деведесеттите години. Заминува со нов надимак, генералите и офицерите на АРМ ја нарекоа „кобричето“, поради нејзината злокобност, уништување на кариери на скромни и чесни војници, подофицери и офицери, местење и подметнување, предизвикување раскол во генералштабот, едноставно погана жена! Што и стави крај на нејзината кариера? Човек или организација? Дали самата се намести на пенал на НАТО?

Дали тоа што не можеа Црвенковски и Заев го заврши Богојески, со откривање на аферата за „специјалната опрема“ од Србија подметната во НАТО, што тој го демантира? Дали Богојески во сојуз со НАТО ја пензионираа Шеќеринска? Што содржат документите кои беа најавени, а за што Шеќеринска истиот ден објави оставка? Зошто Богојески не ги објавува тие документи? Дали НАТО не му дозволува? Останува нејасно, дали доколку не беше последната афера Шеќеринска и натаму ќе продолжеше да се занимава со политика? Многу прашања, на кои ќе работиме да добиеме конкретни одговори!

На почетокот на годинава, таа беше принудно исшутирана од раководството на СДСМ, каде беше заменик претседател, по наредба на Зоран Заев поради нејзината дирекна вмешаност во акцијата на „бугарскиот конзул“ за симнување на најблиските соработници на Заев, како генералниот секретар на Влада Драги Рашковски, но и низа други личности.

На крајот од годинава таа принудно е исшутирана и од Владата, каде петта година ја извршува функцијата министерка за одбрана, за што го доби надимакот „кобриче“! Заминува со низа скандали од безбедносен и корупциски карактер.

Веќе нема дилеми дека причината за нејзиното бркање од партијата и од Владата се несогласувањата со дел од политиките во СДСМ, за што Шекеринска за почна се поотворено и директно говори. Но сето тоа откако беше детронизирана. Пред тоа се и беше во ред со политиките на СДСМ, со кои замислете после 30 години започнала да не се согласува!

– Тогаш најавив дека ќе се повлечам од раководството на СДСМ поради тоа што не се согласував со дел од политиките. И мислам, можеби сум субјективна, дека дел од тие политики придонесоа за поразот што го доживеавме на локалните избори. Затоа мислам дека единственото чесно или принципиелно поведение, единствената чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната Влада, рече Шекеринска кога соопшти дека нема да биде дел од новиот иден владин кабинет.

Својата политичка кариера, Шеќеринска ја започна во Социјалдемократската младина на Македонија во 1992 година. Таа од тој момент до денес, остана најблиска соработничка на Орце Камчев, негова соучесничка во сите дејствија во СДСМ, но и замешана во аферата Рекет, каде беше жива фатена со Боки 13 и Катица Јанева, пред да биде уништено СЈО!

Дали Шеќеринска беше директен организатор на аферата Рекет, со која се уништи меѓународниот проекти за правда во Македонија, наречен СЈО? Дали таа се обиде да го симне Заев од премиер и да ја земе неговата функција со помош на Орце Камчев? Дали тоа го спречи Бранко Црвенковски или во тој момент им помагаше? До сега немаме одговори!

ТРИЕСЕТ ГОДИНИ ВО ПОЛИТИКА

Во 1995 година, Шеќеринска е избрана за претседател на СДММ, од кога започнуваат нејзините маловерзации во таа партија. Често пати Црвенковски и прогледуваше низ прсти, особено кога уништуваше кариери на млади социјалдемократи, кои не и одговараа на Рада. На Бранко му се пикна „под маса“ уште на Електротехничкиот факултет во Скопје, а потоа влезе во СДСМ уште пред да дипломира. Никогаш немала професија, 30 години лешинари исклучиво со политика.

-Политиката знае да се земе под свое – рече Шекеринска во еден телевизиски настап, непосредно откако се повлече од раководството на СДСМ, кога исчезна „љубовта“ со Бранко и беше избркана од партијата, после долгогодишно членство во Централниот одбор на СДСМ и портпарол на партијата.

Во 2006 година стана лидер на СДСМ, со што партијата пропадна! Таа имаше историски најслаб резултат на изборите, воопшто во историјата на СДСМ и Македонија.

Во владата предводена од СДСМ од 2002 до 2006 година беше вицепремиер за европска интеграција и координатор за странска помош, пропратена со низа скандали за финансиски маловерзации со парите на ЕУ! Под нејзино водство, СДСМ загуби убедливо на парламентарните избори во 2008 година од ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски. После овие избори, папата Бранко Црвенковски ја исшутира од претседателското место на партијата. Во тој период таа беше дел од невладина организација која соработуваше со мафијата на Никола Груевски, минирајќи го СДСМ и Бранко да ги изгубат изборите во 2011 година.

За време на т.н. „црн понеделник“, Шекеринска беше фатена со снимка како глуми повредена, а нејзиниот колега Игор Ивановски-Шема договорено ја изнесе на раце од собраниската сала. Тоа беше општо смеење низ јавноста во земјава. Исто така се претставуваше жртва и на „крвавиот четврток“ кога едно невино старче ја фати Шеќеринска за коса. Поради нејзината злоба и безобразлук, старото деде беше осуден на четири години затворска казна.

Во новата влада Шеќеринска го доби министерското место за одбрана и за време на нејзиниот мандат НАТО откри мал милион афери, од безбедносен и корупциски карактер. Чашата ја прелеало скандалот за обид да се хакира системот на НАТО преку внесување на некомпатибилна крипто опрема набавена од Србија за Македонија. Истиот ден Шеќеринска објави оставка на партиска пресконференција во прес центарот на АРМ и Генералштабот, што е злоупотреба од невидени размери.

По изборите лидерот на СДСМ Зоран Заев поднесе оставка од лидерската и премиерската функција, но не успае да ја пензионира Шеќеринска која имаше намера да продолжи со министерската кариера. Аферата за српската опрема и криминалот во министерството за одбрана, принудно ја пензионираа Рада, а помогнаа на намерите на Заев и Црвенковски еднаш засекогаш да расчистата со „кобричето“!

Според информации од екипата на Орце Камчев, Шеќеринска по речиси 30-години во политиката нема да се повлече, туку ќе направи обид за преземање на СДСМ по краткиот мандат на Димитар Ковачевски. Дали ќе и успее таа акција или ќе заврши во притвор, ќе се знае следните месеци!

П.П.