
Кој навистина ја демантира ДАНЕЛА за БРТ?
Кој навистина ја демантира Данела, ЕБОР или СДСМ?!
СДСМ преку соопштение вели дека Арсовска е демантирана од Европската банка, БРТ е издржан и еколошки проект. Во прилог на Соопштението нема демант од Европската банка за обнова и развој. На манипулативните трикови кои служат само за партиски поени им нема крај. СДСМ и покрај се’ продолжува по истиот „лузерски“ начин на водење политики. Доколку граѓаните се согласуваа дека овој проект е најдоброто за нивниот град, немаше да ја изгубад убедливо нивната доверба.
Соопштение на СДСМ:
Градоначалничката Данела Арсовска два месеци од мандатот освен што нанесува штета на Град Скопје и неговите граѓани нема намера ништо да сработи.Европската банка за обнова и развој која ги одобри средствата за финансирање на Бас рапид транзит систем ги демантираше нејзините лаги со кои сака да го оправда стопирањето на проектот.Од ЕБОР истакнуваат дека сите проекти вклучително и БРТ системот подлежат на детални проверки пред да бидат одобрени.
Бас рапид транзит проектот е разгледан од Европската банка за обнова и развој, а оценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, или на граница помеѓу добри и силни проекти оценети од Банката.
Со стопирање на овој проект заради лични хирови, Арсовска нанесува штета на градот и на скопјани и директно го поткопува меѓународниот углед на Град Скопје.Време е Арсовска да почне да работи наместо да врши груба партизација на јавните институции, да ги продолжи проектите оставени од Петре Шилегов, а кои се во насока на забрзан развој и напредок на градот.
Арсовска не ја доби довербата од граѓаните да поништува проекти и да нанесува штета туку да ги решава проблемите.