ВОЗОВИТЕ во светот и во Македонија, плачи ако можеш

Живот, Технологија

Додека возот од Скопје патуваше до Битола скоро 10 часа, сега може да се патува со воз од португалскиот град Лагуш до Сингапур, со неколку застанувања попат, а цела Европа ќе се помине за исто толку време. Според анализите и пресметките што ги направиле британскиот блогер за железнички патувања Марк Смит и корисници на Редит, патувањето е долго 18.755 километри.

Меѓу попатните станици особено се издвојуваат Париз, Москва, Пекинг и Бангкок.

Ова стана можно откако на 2 декември беше отворена нова секција од брзата пруга во Лаос, која ги поврзува неговиот главен град Виентијан и кинескиот град Кунминг. Долга 414 километри, оваа линија се градеше пет години и сега го овозможува најдолгото непрекинато патување со воз на светот. За споредба пругата Скопје – Софија од 200км се гради 30 години и уште е на почеток!

Се проценува дека патувањето Португалија – Сингапур би чинело околу 1.200 евра во билети.

За да се пропатува оваа маршрута, би требало да се помине низ 13 држави, како Португалија, Шпанија, Франција, Белгија, Германија, Полска и Белорусија во Европа и Русија, Монголија, Кина, Тајланд и Малезија во Азија.