ДЕМАНТ од митрополит Григориј со барање за извинување

АНАЛИЗА, РЕЛИГИЈА

Од страна на Владиката г. Григориј – Митрополит на Кумановско – осоговската епархија на МПЦ-ОА, беше објавен писмен демант на социјалните мрежи, а во врска со објавени текстови од страна на нашиот портал, а сега и доставен за објава во нашата редакција.

МКДенес е медиум кој се грижи за вистината да дојде до јавноста во Македонија. Во таа насока, сите објави и деманти на истите се добредојдени и ќе бидат споделувани во оригинална форма. Секој има право да ја каже својата вистина. Во таа смисла во целост ќе се објави текстот со реакција на нашите објави во кои се спомнува неговото име и неговото дејствување во МПЦ ОА, за што смета дека се напишани невистини со единствена намера да се наруши неговата чест и углед.

ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ И ПОВЛЕКУВАЊЕ НА НЕВИСТИНИТИ СОДРЖИНИ СО КОИ Е СТОРЕНА НАВРЕДА И КЛЕВЕТА

МКДенес ГИ ПОВЛЕКУВА И ЌЕ ГИ ИЗБРИШЕ СЛЕДНИТЕ ОБЈАВЕНИТЕ ТЕКСТОВИ за Владиката г. Григориј за невистините изнесени во содржината на текстовите и за секој дел каде се спомнува Владиката Григориј, а каде е изнесена клевета и навреда, и тоа во следните објави, нивните текстови и фотографии:

1. На ден 26.10.2021 година, со наслов „Нуклеарка: „Еве кој го спроведува планот на Путин, замешан и Владика на МПЦ“. Објавениот текст содржи две фотографии од Митрополитот г. Григориј.

2. На ден 27.10.2021 година, беше објавен текстот „Рускиот агент во МПЦ се самопрогласи за светец.“ Во овој текст се објавени две фотографии, од Митрополитот г. Јосиф и Митрополитот г. Григориј.

3. На ден 17.11.2021 година, објава со наслов „СПЦ во педофилска мисија, имаат и македонски измеќари“. Во овој текст беа објавени две фотографии од Митрополитот г. Григориј и една фотографија од Митрополитот г. Јосиф.

4. На ден 06.12.2021 година, објава со наслов „Нуклеарен скандал“ Шеќеринска на највисоките позиции во Министерството за одбрана поставила „четници“ лично конектирани со српските служби, со кои НАТО одбива да соработува! И во оваа објава се спомнуваат митрополитите Јосиф и Григориј

Порталот МКДенес, ЈАВНО СЕ ИЗВИНУВА НА МИТРОПОЛИТОТ Г. ГРИГОРИЈ ЗА НЕВИСТИНИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО НИВ, СО КОИ Е СТОРЕНА НАВРЕДА И КЛЕВЕТА НА МИТРОПОЛИТОТ Г. ГРИГОРИЈ, со ветување дека вакво нешто нема да се повтори.

Исто така, ѝ се извинуваме и на јавноста, дека со нашите објави ја доведовме до заблуда, и предизвикавме да верува во нешто што не е вистина за Митрополитот г. Григориј.

МКДенес