
ПОЕНТА НА ДЕНОТ за конечно да се разбудите
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Општествено будни граѓани
Низ целиот свет, без разлика која држава, нација и вера, способноста на народот се цени по неговата будност.
Се мисли на општествена будност, а не дали се пробудил наутро!
Општествено будни граѓани се тие кои не може лесно да се заведуваат од разни политички, верски или други организации, не може лесно да бидат манипулирани и подмитувани, не може да бидат искористувани од трети страни!
Тие се подготвени да реагираат на случувања во кои не се лично засегнати и немаат личен интерес, но активно се борат на страна на правдата!
Будните се правдољубиви луѓе!
Колку повеќе такви граѓани, толку посилно општество и пофункционална држава.
Има земји низ светот со дури 38% општествено будни граѓани. Една од нив е наш сосед, тоа е Грција!
Во Македонија се констатирани помалку од 1% општествено будни граѓани!
Тоа значи дека ако се направи неправда врз некое лице или организација, ако се попречи правда или понижи честа, во Грција ќе се кренат и ќе реагираат најмалку 38% од граѓаните, а кај нас помалку од 1%!
Останатите ќе чекаат налог од партија или верска организација или од шефот на работно место, како да реагираат, без разлика дали оштетениот е некое дете или ранлив човек или организација.
Толку вредиме, колку што сме општесвено будни!
Значи во овој момент, ние Македонците вредиме помалку од 1%!
Тажно нели?!?
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!