„Бугаринов“ од Дебар полудел!

Балкан, Македонија

Проф. Кирил Топалов, член на Заедничката комисија, чија цел е решавање на историските спорови меѓу Бугарија и Макдонија, постојано ги навредува Македонците. Тој не очекува Бугарија да се повлече од својата позиција во врска со почетокот на преговорите на ЕУ со Македонија.

Според него ЕУ е свесна дека „оваа земја не е реформирана ниту сантиметар од тоталитарниот комунистички модел во поранешна Југославија што ја формираше и управува со неа до денес.

– РСМ е најнереформираната држава на поранешните југословенски републики – изјави Топалов во интервју за БНР.

– Многу луѓе ја мешаат Европската унија со Советскиот сојуз. Соништата на нашите пријатели и роднини во Република С Македонија дека ЕУ ќе нè принуди да започнеме преговори се залудни и неизводливи – вели тој.

– Отсекогаш сме имале најдобра братска, пријателска намера и желба за оваа земја … Таа не може да се однесува така кон нејзината мајка – Бугарија. Таа мора да се однесува кон нас со почит како и секоја друга држава. Како кон секоја друга држава, но се однесува со длабока омраза  – рече Топалов.

Кирил Топалов е категоричен дека ако Македонија влезе во ЕУ, ќе биде „Тројански коњ на Русија и сите сили што сакаат да ја дестабилизираат Европската унија.

Според него, дури и ако властите во Македонија одлучат нагло да ја променат својата политика кон Бугарија, тамошното општество не е подготвено да го стори тоа.