
КОЈ ЈА РЕФОРМИРАШЕ СДСМ?
Мериот коалицијата на чело со својот „boss“ Сашо Мијалков не била со намера да ја реформира опозициската ВМРО-ДПМНЕ туку владеачката СДСМ.
Тоа е денешната симболика на ослободување на Мијалков од притвор. Пораката е јасна. Мијалков излегува – Заев си оди! Нека проба некој во иднина да се закача со Саша!
Премиерот Зоран Заев поднесе оставка до Собранието. Во образложението се наведува дека оставката нема да ја образложи пред пратениците. Премиерот во заминување наведе дека неговата оставка доаѓа како резултат на поразот на локалните избори.
„Оваа моја одлука ја презедов како логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати… демократијата значи и одговорност. Ова го направив и за да може да продолжи да се развива нашата западноевропска идеја и прогресивниот концепт во земјата.“
Во писменото образложение Заев зборува и за неговите постигнувања во двата мандата како премиер.
„За време на моите мандати како премиер, донесовме историски одлуки поради кои Северна Македонија наместо како „поранешна република”, без свое трајно и суверено потврдено место во друштвото на народите, го доби тоа што ѝ припаѓа според нејзиното достоинство и историски заслуги. Тие одлуки овозможија Македонците и македонскиот јазик да бидат потврдени од целиот свет, а овој пат и од нашиот сосед и пријател, Република Грција“.
Со гаранција од 11 милиони евра, Сашо Мијалков го убеди Апелациониот суд дека нема да бега, по што двајца од тројца судии одлучија да му го укинат притворот.
Поранешниот директор на УБК, Мијалков, во изминатата година имаше неколку обиди да се спаси од притворот во истражниот затвор “Скопје”, кој му беше одреден во април, по пресудата за “Трезор”, со која беше осуден на 8 години затвор.
Патот до слободата најпрвин го бараше со гаранција од 1,5 милиони евра и стигна до сума од 10,8 милиони, со која успеа да го „омекне“ обвинителството, поточно обвинителот Артан Ајро, кој му даде позитивно мислење дека може да излезе на слобода.
Но, тогаш, и покрај зеленото светло од Обвинителството, Кривичниот суд не кажа амин, бидејќи според нив се уште постоела опасност осудениот бизнисмен да избега.
По поднесена жалба предметот стигна пред Апелација, а Вишото обвинителство се спротивстави, односно тогаш обвинителот Бурим Рустеми сметаше дека Мијалков треба да остане на сигурно, зад решетки.
По ова негативно мислење неодамна следуваше уште едно од Вишото обвинителство, и тоа на гаранција која надмина над 11 милиони евра. Но за Апелација тоа не беше проблем, и денеска одлучија да ја прифатат гаранцијата и со тоа да му ја отворат ќелијата на Мијалков.