
ТЕЖОК СКАНДАЛ: ЗАКАНИ на Шеќеринска кон Богојески, замешано воено разознавање
ЗАКАНИ на министерката Шеќеринска кон претседателот на Унијата на Европски Федералисти на Македонија и државен советник во Министерството за одбрана, Петар Богојески!
Акцијата за спречување на српското разознавачко подземје во земјава во кое замешани биле Радмила Шеќеринска и нејзиниот измеќар и шеф на военото разузнавање Василевски, како резултат на кое Шеќеринска мораше да се повлече од функцијата министер за одбрана, а шпиунот Василевски ќе биде разрешен и спречен да оди на мисија во ОБСЕ во Виена како дел од тимот на кадрите на разознавањето на Милошевиќ, отвори големи прашања во НАТО и безбедносните служби во Македонија.
Веста за обидот за разознавачки упад во системот на НАТО преку специјална опрема набавена од Шеќеринска, а по техничка спецификација на кадарот на Белград Василевски, за која информираше МКДенес, ја потврди и претседателот Пендаровски на денешното годишно обраќање до нацијата преку собраниската говорница.
Пендаровски изјави дека во делот на борбата со хибридните закани и новите безбедносни предизвици, зад параванот на т.н. големи инвестиции, во Македонија влегуваат непријателски елементи кои работат на ширење на дезинформации. Во таа смисла Македонија потпиша договор со САД, за спречување на инсталација на странски комуникациски системи во земјата, а секоја таква најава да биде проверувана од службите на САД, со цел да се спречат непријателски дејства во Македонија. Дали во оваа смисла тој мислеше на обидот за инсталација на српска опрема во министерството за одбрана и АРМ, не е прецизирано.
Тука се поставува прашањето, дали Богојески, државен советник за логистика во Министерството за одбрана, е токму личноста што ја разоткрил аферата на Шеќеринска и обидот да се инсталира специјалната шпиунска опрема во Македонија, која требало да биде конектирана со системот на НАТО и на тој начин да бидат крадени воени тајни на Алијансата за потребите на Србија и Русија?
МКДенес успеа да дојде до Богојески и да постави дирекни прашања во врска со смената на Шеќеринска, аферата во НАТО, но и информациите за жестоки закани кон него од веќе излезената од колосек Шеќеринска, која западнала во очај поради тоа што е буквално изшутирана и од НАТО и од Влада и од СДСМ.
На прашањето дали е тој човекот кој го информирал НАТО за скандалозната набавка, Богојески демантираше со резигнација. Немам никаква улога во таа акција на НАТО, дополни Богојески. Силата на српските и руските служби во Македонија е голема, тие се присутни и во власта и во опозицијата, особено во безбедносниот сектор, а голем дел од политичките извршители во структурата на безбедносните служби се подложни на такви влијанија, како што е на пример дел од раководството на МО, прецизира Богојески.
Во врска со информациите дека Шеќеринска упатува жестоки закани кон него и дека е деградиран во професионалната кариера токму поради политички убедувања, различни од тие на министерката, Богојески одговори потврдно.
Да, Радмила ми се заканува, ја злоупотребува нејзината службена положба и овластување, до степен да ги злоупотребува воените служби за безбедност да ме следат и повикуваат на информативни разговори, со цел да ме замолчат, заплашат и да се повлечам од политичките активности, кои очигледно не им одговараат на властите, прецизираше Богојески.
На прашањето дали е деградиран во професионалната кариера, Богојески повторно потврди, дека како резултат на политичка дискриминација кон него и нарачките од „надвор“ од МО, тој е предмет на континуирано малтретирање, а и дека имало решенија за деградација во кариерата.
Притисоците кон мене исклучиво за политичка дискриминација и мобинг траат со години, само моја беше одлуката да молчам и да не ја известувам јавноста, за да не се добие впечаток дека сум плачко и и’ се плашам на Рада. Напротив, машки ги истрпувам сите притисоци и закани последните 5 години, кога јас сум насилно и спротивно на закон исклучен од сите работни процеси на МО, одземени ми се сите овластувања, дури и тие од предметот на работа на моето работно место, само и само поради мојата политичка определба. Немам една дамка во кариерата за која може да се фати Рада. До сега не сум имал ниту една службена или приватна средба со Шеќеринска, иако сме обрзани согласно закон како државен советник / помошник министер по стара класификација/ и министер да соработуваме.
Понижувањата кон мене започнаа од првиот работен ден од доаѓањето на Шеќеринска за министер, кога ми беше одземена канцеларијата за работа, спротивно на Правилникот за професионални стандарди. Јас веќе 5 години работам во подрум / магацин, како последица на што се здобив со многу сериозно заболување, од кое сега се обидувам да се лекувам. Додека јас сум на лекување, Шеќеринска ми испраќа инспекции до лекарите и професорите на Медицински факултет, кои ме лекуваат. Ова е чисто насилство врз мене на политичка основа, за што поднесов и Претставка до Комисија за дискриминација пред одреден период. Но повторно ништо не изнесував во јавноста. Особено молчам за „партиската полиција“ која Рада ја пушти во насилнички акции низ министерството. Жртви се стотици вработени во МО и АРМ, таа е фашизоиден политичар, бетер од оние на Груевски.
Богојески додава: Тоа не е случај само со мене, туку со многу вработени во МО и АРМ, исто на политичка основа. Шеќеринска е исфрустрирана личност, со полошо поведение и послаб демократски капацитет од оние на Гордана Јанкуловска од МВРО. Таа по рецептот на Гога МВРО, во Министерството за одбрана формираше „партиска полиција на СДСМ“ која малтретира вработени на секој чекор. Да не говорам за дисциплински постапки без основ, кон секој кој ќе им се најде на патот или погрешно ќе ги погледне јастребите на Шеќеринска во одбраната и армијата. Ова е срам за сите нас, особено за дигнитетот на министерството и нашата АРМ.
Дали Богојески ќе се повлече под заканите на Шеќеринска и нејзините криминални лобисти, останува да видиме. На тоа прашање, тој се насмеа и кратко искоментира – „Јас не се исплашив од Грујо и Мијајле, не пак од Боба Јанковиќ и Рада со српските паспорти“. Жал ми е само за оние будалетинки што 5 години ме хејтаат и нарекуваат „платеникот на Рада“, а тие сироти појма немаат дека сите тие 5 години има само војна помеѓу нас двајца.