НЕВЕРОЈАТНО – ковид сертификат под кожа!

Технологија

Шведскиот стартап „Епицентар“  дизајнираше чип со кој можете да носите ковид сертификат под кожа.

Чипот може да се чита од кој било уред користејќи НФЦ модул (Near Field Communication), технологија која се користи за бесконтактни плаќања и, на пример, отклучување на вратите без клуч.

„Чиповите се многу прилагодлива технологија која може да се користи за различни работи, а во моментов е многу погодно да се има сертификат за ковид кој е секогаш достапен“, рече директорот на „Епицентар“, Ханс Сјоблад.

Сјоблад покажа дека микрочипот е со големина на зрно ориз и е вграден под кожата или во раката помеѓу палецот и показалецот. Чиповите се користат од вработените во Епицентар од 2015 година.

Тие го олеснуваат отворањето на вратите, купувањето итн. Нив повеќе не им требаат посебни легитимации на работното место.