ПОТСЕТУВАЊЕ: Русија за „северна“ Македонија и влезот во НАТО

Македонија

Руската федерација нема да се спротистави на промената на името на Република Македонија, но е против нашето членство во најсилната воена алијанса – НАТО, беше ставот пред промена на името на државава.

Веста во тие моменти гласеше:

„Амбасадорот на Руската федерација во Атина, Андреј Маслов изјави дека Русија нема да стави вето во ОН за промената на името на Македонија, јавува грчкиот весник „Катимерини“. Тие се согласни со промена на името и со идниот договор помеѓу Македонија и Грција.

Маслов ги повтори зборовите на рускиот прв дипломат Сергеј Лавров кој пред една година изјави дека ако Атина и Скопје се договорат и тој договор стане дел од Уставот на Р. Македонија, Русија ќе го прифати тоа.

Маслов сепак подвлекува дека Руската федерација е против членството на Македонија во НАТО и додаде дека Москва ќе биде принудена да преземе контрамерки ако тоа се случи“ завршен цитат.

До сега ги видовме мерките на Русија, особено нивниот став за Македонија. Доволно беше лажна надеж за Македонците.