МЕГА СКАНДАЛ: Разоткриено „повлекувањето“ на Шеќеринска, жива фатена од НАТО

АНАЛИЗА

Конечно за јавноста станува достапна причината за наводното „доброволно“ повлекување на Шеќеринска од министерската фотеља, поради несогласувања со политиките на замислете, партијата СДСМ, која Шеќеринска недоволно ја познава. Информациите станаа достапни од кабинетот на министерката Шеќеринска, вистински проНАТО определени личности, дел од нив школувани во западните земји и во Лондон.

Министерката Шеќеринска преку злоупотреба на службената положба и овластување, од прес центарот на Министерство за одбрана и АРМ одржа партиска пресконференција во присуство на Началник на Генералштаб, што е невиден преседан во историјата на земјава, особено во НАТО земјите. Но што Шеќеринска пропушти да соопшти на јавноста на таа фамозна пресконференција со нарачани прашања од наводни „новинари“?

Имено, од извори од делегацијата на Македонија во седиштето на НАТО дознаваме дека Министерскиот совет во Брисел одржан на 22 октомври 2021 година, не бил баш пријатен за Шеќеринска. Што се случувало во НАТО седиштето во Брисел и зошто Шеќеринска го сокрива тој настан?

Покрај низата скандали со испраќање на „неподобни“ офицери од Македонија во седиштето на Алијансата, документирани како соработници на странски непријателски служби, Шеќеринска ја прелила чашата и во целост ја изгубила довербата кај НАТО поради пресретнат „обид за упад во системот на НАТО со специјална опрема“ од страна на тимот на Шеќеринска, јавуваат извори од НАТО тимот за Македонија.

„Министерскиот совет во Брисел го зацрта правецот по кој ќе се развива македонската Армија како дел од Алијансата. Министрите за одбрана на 30-те земји – членки на Алијансата за време на дводневните состаноци на Северноатлантскиот совет ги усвоија целите на способности, за прв пат по членството на С. Македонија во Алијансата“. Ова го соопшти министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, која информираше дека состанокот на НАТО министрите за одбрана во Брисел заврши со важна вест за земјата. Но веста не беше соопштена. Наведена беше информација за „средна пашадиска група на АРМ, декларирана за НАТО“, нешто што го знаат и чистачките во Министерство за одбрана, стара приказна од 2007 година.

На фамозниот состанок во Брисел, во седиштето на НАТО алијансата се работело на две засебни сесии, едната отворена за јавност и втората зад затворени врати. Првата била од протоколарен карактер, на која се спомнале амбициите на АРМ во НАТО структурата, повеќе како еден вид на отчет – пријава за дискусија од Шеќеринска, која поради учеството како нов министер и било допуштено.

Скандалот се случил пред почетокот на втората сесија, кога македонската министерка Шеќеринска била замолена да ја напушти седницата на министерскиот совет на НАТО, заедно со нејзиниот турски колега. Тема на дискусија биле Украина и учеството на НАТО во тој конфликт, но и глобалната стратегиска поставеност на НАТО во источна Европа, особено Балтичкиот и Црноморскиот регион. Шеќеринска која и онака не беше квалификувана за НАТО сертификат, а и беше даден времен сертификат со понизок степен на доверба, за разлика од колегите министри од другите земји, била буквално непожелна на тој состанок.

Што ја прелило чашата? Информациите до кои дојдовме од Министерството за одбрана и Секторот за безбедност и разознавање, Шеќеринска голем број на набавки за НАТО АРМ ги доделила на фирми од Србија, вклучително и таа за униформи и друг тип на воена опрема и вооружување, за кои како медиум не сакаме да известуваме поради македонскиот безбедносен интерес.

Последниот удар на Шеќеринска на НАТО безбедносниот систем бил обидот да набави „специјална“ опрема (не е дозволено да соопштиме каква) која би се користела од НАТО, повторно токму од Србија. Тоа било по техничка спецификација изработена од шефот на Секторот за безбедност и разознавање, Горан Василевски, познат партиски измеќар на Шеќеринска. Тој исто така не е НАТО пожелен кадар, но на функцијата останува само поради партиската блискост со министерката.

Типот на опремата нема да се соопштува поради заштита на македонскиот и НАТО безбедносен интерес.

Василевски во обид да биде заштитен од овој скандал, Шеќеринска по брза постапка и по налог од Белград го декларирала за нова позиција во ОБСЕ, каде ќе може да продолжи да „дејствува“ во интерес на препорачателите, известуваат истите извори. За таа позиција бил планира друг кадар, школуван во Лондон, но Шеќеринска се одлучила за Василевски, школуван во Белград, токму поради овој скандал со набавка на српската опрема.

Оваа набавака била буквално пресретната и стопирана од НАТО. Доколку била допуштена, можело да се случи целосна злоупотреба на членството на Македонија во НАТО, за да се инсталира „опрема“ во НАТО систем, која ќе „оддавала“ информации од строго доверлив карактер на земји како Србија и Русија. Шеќеринска тоа ќе го овозможела, а НАТО ја фатиле жива во таа акција, известуваат нашите извори од нејзиниот кабинет, кои после нејзината оставка се охрабрија да проговорат за „нато шефицата“ длабоко конектирана со српските служби.

Ова е причината за „доброволната“ смена на Шеќеринска од позицијата министер за одбрана на Македонија. Доколку Македонија е вистински посветена држава и партнер на НАТО, за ова ќе биде отворена истрага против неа и нејзиниот измеќар Василевски, за оддавање на државни, воени и сторого доверливи тајни на НАТО, за што се лежи долги и долги години во соодветни инситуции.