
Притисок врз Бугарија од меѓународната заедница за решавање на спорот?
Предлогот европските историчари да се вклучат во бугарско-македонската историска комисија беше проследен со различни реакции од двете земји. На овој предлог коментираше бугарскиот претседател Румен Радев дека нема потреба од посредници меѓу Софија и Скопје.
„Немаме потреба од посредници, никој од нас подобро не ја знае нашата историја. Решението на проблемите зависи од нас, од конструктивниот дијалог врз историски документи и извори на кои ќе работи заедничката комисија.“ изјави денеска Радев.
Заедно со претседателот Стево Пендаровски, беа дел од одбележувањето на сесловенските просветители Кирил и Методиј во Рим. Радев го пренел овој став неколкупати на неговиот македонски колега.
„Комисијата ќе се занимава со историјата, но најважно е ние на високо политичко ниво да ги преземеме потребните чекори. Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и од таму во никој случај да се врши притисок врз Бугарија. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние мора да бараме одржливо и неповратно решение“ – изјави Радев за бугарските медиуми.