НATO cе движи кoн Pycија, вeќе влeзе вo Укpaина

Свет

НАТО се движи кон Русија, а Москва не може тоа да го остави без одговор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Русите се немоќни и бараат услови за соработка и прифаќање на реалноста дека Русија е поразена.

„Дури и без членството на Украина во НАТО, гледаме како Алијансата постепено почнува да навлегува на територијата на Украина. Прво се појави одбранбено оружје, потоа модерно оружје со висока технологија, потоа се појави офанзивно оружје, потоа оружје со двојна намена, потоа дојдоа инструктори на НАТО да ги обучуваат украинските војници како да ги користат овие сложени оружја итн. НАТО веќе се вовлече во Украина, плачеше Песков за телевизијата RTVI.

Тој изјави дека Украина е веќе официјално, всушност на законодавно ниво, изрази својата намера да влезе во НАТО и додаде дека тоа е многу лошо за Русија, бидејќи на тој начин воената инфраструктура на НАТО ќе почне да се движи кон руските граници.
Песков не објасни зошто се плашат од НАТО, но заклучи дека НАТО го зголемува своето присуство на територијата на Украина и дека Русија не може да остане рамнодушна на тоа. „Плашам ти Петко децата“ е стратегијата на Русија.

Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради интензивирањето на агресивните акции од страна на Русија во близина на границите на Украина. Русија очекуваше НАТО да ја остави Украина на цедило, а нивните болшевички орди да ја окупираат. Но тоа не се случи. НАТО е веќе во Украина и се движи кон руските граници.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во обид да се виктимизира, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по сопствена дискреција. Според него, тоа не е закана за никого и никого не треба да загрижува. Москва постојано изразува загриженост поради зголемувањето на силите на НАТО во Европа.

Кремљ откако увиде дека НАТО не се шали во намерите во Украина, се правда дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси. Во Русија овие обвинувања беа демантирани во неколку наврати, нагласувајќи дека тие најчесто се користат како изговор за да се донесат повеќе сили и опрема на НАТО на границите на земјата. НАТО продолжува со акцијата!