BУЧИЌ пoeнтираше cо Maкедонците, кoмoтни caмо вo „cpпски cвет“

Балкан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека претстојната средба „Отворен Балкан“ во Тирана ќе донесе многу добри и важни заклучоци, како и многу придобивки за сите граѓани, специјално испраќајќи порака до Македонците на начин на кој го злоупотребува бугарското лудило и вето, со тоа што Македонците би биле комотни само во т.н. „српски свет“.

Веруваме дека се приближуваме до она што многу ќе го олесни движењето не само на граѓаните кои би сакале да патуваат, туку и на бизнисмените и во протокот на стоки, услуги и капитал. Ќе ги поврземе нашите народи кои ќе имаат многу поблиски односи отколку во минатото – изјави Вучиќ во интевју за ТВ Пинк.

Во тој контекст, тој потсети дека денес Србија е призната од Македонците како нација и земја која е најблиска до Македонија и нивните граѓани и додаде дека тој добрососедски однос мора да се чува и надградува.

Ние го прифаќаме нивниот јазик, нивната нација. Им посакуваме се најдобро, на Македонците, Албанците, Србите и сите граѓани на Македонија. Ние сме единствените кои немаме никаков проблем со нив – додаде Вучиќ. На овој начин тој прави евтин шопинг на сите наивни Македонци кои не се свесни во што влегуваме и кои ќе бидат последиците по нашата државност.

Српскиот претседател истакна дека добил видео од албанскиот премиер Еди Рама од селанец од северот на Албанија кој на пазарот ги објаснува предностите на „Отворениот Балкан“.

Како што кажал Вучиќ, селанецот рекол дека многу ќе му значи ако може со својата стока да оди во Белград. Ваков евтин и провиден популизам со селанецов од Албанија не е забележан одамна на балканските простори.

Знаете ли што се би можеле да извезуваме, многу повеќе, а што би извезувале би се сменило, затоа што можеме наместо суровини да извезуваме многу повеќе полупроизводи и финални производи, а тоа се повисоки цени – објасни Вучиќ.

Тој потсети дека на овој начин нордиските земји се поврзаа по вековни војни, што им донело само добро.