СТРАШНИ навреди, омраза и клевети за МПЦ – ОА од Русија (видео)

РЕЛИГИЈА

Навредливи, омоловажувачки и дискриминирачки квалификации од „православните браќа од Русија“ на снемтка на МПЦ-ОА.

Главната причина е што МПЦ-ОА, продолжува да се бори во православниот свет за својата вистина и за својата автокефалност, нешто на што очигледно руската црковна јавност е алергична.

Во тој контекст, во едно црковно инфромативно издание во Русија, МПЦ-ОА се претставува како расколничка, отпадничка црковна структура, а се велича Јовановата ПОА.

Причината е тоа што неодамна монашкиот хор на Бигорскиот манастир ја освои грчката црковна публика на првиот меѓународен фестивал на византиско пеење, а воедно и неговото учество во две литургии во црквите на ГПЦ.

Рускиот гнев оди до таму што водителот на тоа црковно шоу не бира зборови, па на најпогрден начин ја омаловажува и МПЦ-ОА и Македонија и сите кои се дел од македонската црква, вклучително и сите Македонци како народ. Ова е буквално болшевичко шизофрение!

Ова е добар пример за сите кои се уште веруваат во „братската Руска црква“ да го видат нејзиниот однос, и тоа мотивиран од тоа само затоа што МПЦ-ОА го бара својот пат за да стаса до Автокефалност.