УАПСЕН американец, руски шпион во Пентагон

Свет

Поранешниот функционер на Пентагон Џон Мареј Ров е уапсен под сомнение за обид за шпионирање во корист на Русија, соопшти американското Министерство за правда.

Според Министерството, осомничениот работел околу 40 години за различни компании кои работеле под договор со Министерството за одбрана на САД и имал пристап до строго доверливи информации за воздушната технологија на американските воздухопловни сили.

Во исто време, Федералното биро за истраги (ФБИ) потврдува дека Ров соработувал со агент на ФБИ и дека биле обработувани руски власти, тоа значи работел обратно за американските интереси. Руските медиуми симптоматично започнаа да публикуваат вести во одбрана на овој агент. Тоа само по себе говори за неговата улога или е нивна одмазничка стратегија да се одмаздат зашто биле токму тие одработувани.

Доколку е докажана соработка со руските служби, му се заканува доживотен затвор.