МАКЕДОНИЈА се потресе, Европа се исплаши, ова е причината

Политика

Премиерот Зоран Заев за ТВ21 истакна дека денеска ќе има средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Тој додаде дека средбата ќе биде попладне во Владата. После таа информација „падна во кома“ пола нација.

Се очекува на средбата да биде разговарано околу актуелните политички случувања, односно за новиот мандатар кој треба да ја презеде Владата на Заев, кадровските решенија, како и за датумот за почнување на преговори со Европската унија. Додека пак граѓаните очекуваа да направат разговор за корупцијата, нефункционалниот систем, странските инвестиции, инфлацијата и ценовниот шок во земјава.

Оваа средба доаѓа по официјалната оставка на Зоран Заев и преземањето на партијата од страна на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. Со тој потег, Европа се преплаши и веднаш ни одобри датум за преговори, најверојатно на 30.02.2022 година.

Претходно, Ахмети истакна дека не се согласува со одлуката Заев да се повлече од функцијата, односно не може да се повлече кога Македонија е пред сериозни предизвици. Ние останавме без сон за желбите на Ахмети. Македонија се потресе!