TEATPAЛНО добpo утpo oд aматepката „oд нaшатa пapтиja“
Teaтpaлна eвpo – интeгpaција
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Во периодот на големи очекувања за интеграциите на Македонија во ЕУ, по склучувањето на театралните договори со соседите не го добиеме тоа што го очекувавме. А со кое право го очекувавме, навистина не ми е јасно! Нереалното очекување кое го имаме од ЕУ создава впечаток дека ние сме ги исполниле сите услови, ама повторно сме обесправени!
Се однесуваме како да сме постигнале напредок на реформите во судството, безбедносните служби и јавната администрација. Разочарувањето најчесто е присутно кај некои од нас што „слепо“ веруваа на владините мегафони кои пак, ширеа оптимизам врз база на нереални и на хартија спроведени реформи. Големите очекувања може да водат во големи разочарувања. Суштината е во нашата самосвест. Неисполнувањето на стандардите е погубно за самата држава. Колку и да сме бесни на тоа, построгите критериуми се подобри за нашата успешност. Ние засега само имаме желба, но не вложуваме никаков труд.
За да можеме да летаме во исто јато со останатите европски држави, прво мора да полетаме! Ќе полетаме тогаш кога ќе го тргнеме товарот што ни стои на грб. Сеуште сме претешки за да полетаме, а камо ли да го стигнеме јатото. Никогаш нема да успееме да се „подигнеме“ ако не ги тргнеме од грб корупцијата, криминалот и лажните државници.
Прв чекор е ПОД ИТНО да престанеме да очекуваме дека НАТО и ЕУ се тие што треба да ни направат држава! Тие можат да помогнат, но успешна државност може да направиме само ние самите – од нас зависи. Ако слепо им веруваме на секој кажан збор и го аминуваме секој погрешен чекор на политичарите само затоа што се „од нашата партија“, ние ќе си останеме приземјени за навек.