БPAHKOВИСТИТЕ нe зacтанyваа зaд „Taче“, нoва вojна вo CДCM

АНАЛИЗА

За времетраењето на претседателскиот мандат на Заев во СДСМ, се случија низа расколи и непријатности во партијата, до степен и поранешниот лидер Бранко Црвенковски истата да ја напушти.

„Ова беше очекуван исход во СДСМ, имајќи предвид дека претходниот претседател се повлече од членството.“ – изјави Андреј Петров, поранешниот градоначалник на Карпош, пратеник и ген сек на СДСМ. Според него, сосема очекувано беше дека членството на партијата ќе му даде поддршката на Ковачевски, како човек од времето на Бранко.

Според Петров, актуелниот заменик-министер за финансии го отсликува реалното расположение во СДСМ. Во таа смисла, значителен број партиски активисти од „скопското крило“ кое „не го може“ Заев сељакот се понадеваа дека се враќа нивното време. Но дали е тоа така?

„Долг период не се мешам во кадровските комбинаторики на партијата, меѓутоа од страна ги познавам тројцата кандидати.  Ковачевски е интелигентен, човек без политички багаж и не можете да му ја скратите можноста на некој да се покаже. Тешка задача е пред него, после ваков резултат на локалните избори. После првите чекори ќе се види реалноста, што е концептот. Тој мора да расчисти со политичкиот клиентилизам и со корупцијата“, потенцира Петров.

Но дали е тоа лажната слика која сакаат да се создаде во јавноста? Која е вистината? Дали Заев е толку наивен да „им ја врати партијата“ како што се изразуваат кадрите на Бранко поради некој дил помеѓу аболираниот и аболирачот или станува збор за Таче, „заевизираниот“ бранковист?

Првата теза е дека Заев и Бранко се договорија, Заев добива втора амнестија од него договорена со ВМРО ДПМНЕ и си заминува за Струмица без последици по него, неговите блиски соработници и неговите бизниси. Тоа од своја страна предизвикува сериозен револт кај бранковистите кои очекуваа „одговорност од Заев“.

Внатрепартиските избори говорат дека новиот лидер Димитар Ковачевски ќе биде приморан да започне постапки за уврдување на одговорност за заевистите, ако сака да преживее на лидерската позиција подолго од една година. Но колку се реални нивните очекувања?

Дали доколку втората теза за „заевизираниот“ бранковст Таче е реалност, може да се очекува било какви чекори во таа насока?

Дали бранковистите кои „не го можат“ Заев повторно остануваа со покуси ракави? Таче бил некогаш нивни другар, но тој станал извршител на шефот Заев. Тогаш партијата не си вратиле назад, туку таа им заминала уште подалеку, во светот на струмичките интереси.

Тоа е доволна причина за нов раскол во партијата, кој веќе на големо го најавуват освестените членови на СДСМ, дека од таа партија нема надеж да се ослободи од „заевизмот“. Во таа насока се и изјавите во тесни кругови на Шеќеринска, кои не се баш доверливи, дека е срамота да се остане во Владата на Таче и дека планира создавање на нова партија со две други поранешни политички активиски од Партијата на Зелените.

Дали освен бранковистите, сега ќе се радикализираат и отцепат од сдсм и шеќеристите, останува да се види следните шест до осум месеци.