
КАТИЉ ферман за Заев од Вашингтон, мора да замине
Премиерот Заев планирал да ја одложи оставката во Владата и да остане на позицијата премиер до следните избори, планирани за мај 2022 година. Тоа само во сличај Бугарија да се повлече од ветото и Македонија да започне преговори за членство со ЕУ.
Во исто време внатрешниот притисок во Владата предводен од министерката Шеќеринска, под меѓународно регентство, за повлекување на Заев расте од ден на ден. Во таа акција беа „отстрелани“ најблиските соработници на Заев, помеѓу кои и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
Конечниот одговор за тоа дали Заев останува или дефиниивно си заминува, катиљ ферманот до Заев од Вашингтон, пристигна виа Кирил Петков, новиот премиер на Бугарија. Денес во телефонски разговор Заев – Петков, освен куртоазното честитање, Заев ја доби пораката, ветото останува, ќе има решение откако тој ќе си замине, следните шест месеци.
После оваа изречна порака до Заев, дилемите се затворени за сите, вклучително и за него. Неговата судбина е тесно сврзана за Бугарија, така започна како премиер, така заврши. Заев најави дека најкасно во следната недела Македонија ќе добие нов премиер, Димитар Ковачевски. Тука веќе работата станува комплицирана, Рада Шеќеринска се гледа во таа фотеља, што е најава за нов судир во СДСМ.