
Алтернатива ИЗЛЕГУВА од ВЛАДА?!
Доколку не добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, тогаш Алтернатива треба да излезе од Владата, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во интервју за јавниот сервис МРТ1, тој рече дека во таков случај партијата треба да повика и на предвремени парламентарни избори бидејќи, според него, оваа влада нема иднина.
„Клучната работа којашто нив ги обединува во таа нова влада е почетокот на преговорите, ако тоа не се случат, тогаш не ја гледам причината. Ценам дека тие треба да излезат да ги надминат своите суети и фрустрации и да кажат повикуваме на обединување на опозиција. Очигледно дека оваа влада ваква каква што е нема иднина, предвремени парламентарни избори и составување на влада којашто нема да ги зачува ДУИ и СДСМ“,вели Мицковски.
Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, пак, денеска во изјава за ТВ 24 порача дека Алтернатива не влегла во Владата заради власт, туку заради исполнување на стратешките цели – евроинтеграциите и ревизија на, како што вели, монтираните судски случаи. Доколку нема конкретна реализација на тоа, според неговата изјава, нема поента за Алтернатива да остане во Владата.