
БУГАРИЈА во раскол, премиерот за Корун, министерката за Солун
Раскол во новата бугарска влада по македонското прашање. Од една страна новата министерка за надворшени работи на Бугарија Теодора Генчовска, административка од кабинетот на Радев, тврди дека позицијата на Бугарија пред самитот останува јасна, нема отстапување од Рамковата позиција, без да навлегува во детали за македонско-бугарскиот спор.
Од друга страна премиерот Кирил Петков во неговото прво интервју рече дека главен фокус и иден приоритет на министерката ќе биде развивање на дијалогот со земјава и формирање на работните групи. Петков смета дека што поскоро треба да се сретнат со македонските власти, затоа што вели дека нема веќе време за губење.
Но според позицијата на бугарските власти, нема најава дека нешто може да се смени на самитот на ЕУ оваа недела. Веќе е искристализирана позицијата дека Софија дава зелено светло за Тирана, но не и за Скопје.
Но, според последните брифинзи од Брисел, опцијата за поделба на Македонија и Албанија нема да се случи, бидејќи нема поддршка за такво нешто.
Во меѓувреме, како што јавува МИА, Дијалогот Софија – Скопје – Брисел продолжил и денеска, во обид да се усогласи текстот на заклулочите пред утрешниот состанок на министрите за надворешни. Неофицијално кружат информации за компромисни форми на заклучоци, во кои би требало да има временската одредница за отворање на првата меѓувладина конференција оваа година, но истовремено и формулации за почитување на билатералните договори со Грција и Бугарија во духот на доверба.
Она што за Брисел е важно е на овој Самит да има заклучоци за проширувњето, а не како минатиот пат да заврши без резултат.