KИPИЛ ПETKOВ oдбива да влeзе вo вилaта нa Бojко Бopисов

Балкан

Кирил Петков, новиот бугарски премиер не прифаќа да се смести со семејството во владината резицендија позната како Вила Бојана, каде што живееше и работеше Бојко Борисов. Тој ќе остане да живее во својот дом во центарот на Софија и дури планира да оди на работа пешки, за да си говорел со луѓето кои ќе ги сретнува по пат.

“Се надевам дека ќе воведам нова пракса, да ги нема тие џипови, телохранители и т.н. Знам дека НСО (Национална служба за охрана / обезбедување) се задолжени да одат со таков човек, но јас планирам да си одам по тротоарите.“ изјави новиот премиер Петков.

За Петков приоритет е контролата на цената на струјата, антикорупциските закони, а не телохранителите и луксузните вили на комунистичките лидери.

Според него секој министер треба сам да си избере заменик и своја екипа, за после тоа да нема оправданија ако не си ја заврши работата.