KOНТPAДИКТOPНO добpo утpo oд аматepкатa cо нoвиот лидep

Добро утро

KOНТPAДИКТOPЕН ЛИДEP

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop eдeн фaкyлтeт

Новиот лидер на CДCM со емoтивен говop се „пpoсти“ од Зoки. Ако денот по утрото се познава, уште од првиот негов говор како лидер, јасно се гледа дека е налик на својот претходник. Контрадикторен и несериозен. Само пред два дена даваше изјави спротивни на неговиот прв говор како лидер.

Рече дека Зoки ја консолидирал CДCM во многу тешки услови. Срушил режим, ги вратил слободата и демократијата, воспоставил едно општество за сите, ја внел државата во НATO и ја донел пред портите на преговори со EУ. Само пред два дена велеше дека во партијата единството не треба да биде само декларативно.

Помеѓу другото вели дека Зoки ги научил што е лидерство, што е партиско другарство и што вистински значи да се биде демократ и прогресивен политичар. Им оставил аманет да го продолжат патот на демократскиот развој и грижа за сите.

Претходно изјави дека на CДCM му треба единство кое ќе овозможи да седне на маса и да ги каже слабостите заедно со останатите. Се залагаше за реформи во партијата кои ќе внесат нов квалитет и нова енергија. Ветуваше партија која ќе биде организирана и функционална.

Очигледно е дека Зoки си најде соодветна замена. Во ништо поразлична од него. Во CДCM добија само ново име и презиме, но не и нов лидер.