
ГPУEВCKИ jaвнo oбjaви oд штo нajвеќе cтpaда
Поранешниот премиер Никола Груевски, на својот профил на социјалните мрежи ја откри својата најголема тајна. Кажа зошто морал да кради пари од касата на ВМРО ДПМНЕ и дека не е во ред да го кодошат поранешните негови блиски соработници.
Груевски во статусот откри дека крадел поради здравствен проблем, но тоа не било клептоманија, туку сосема друго. Никогаш досега не проговорил за тоа:
„…Тој кажал (зборува за Мартин Протогер) дека сум имал хроничен здравствен проблеми со респираторниот систем, што е точно.
Истото помалку или повеќе јавноста го има забележано, бидејќи секоја зима некаде помеѓу ноември/декември и некаде до месец март имав големи проблеми со обилно кашлање, за кои ниту еден лекар во Македонија, а во два наврати и во странство, не можеа да утврдат на што се должи, па некако на крајот констатираа дека најверојатно е алергиска реакција на некои честици од загадениот воздух.
Уште повеќе што кога ќе отидев неколку дена на планина, кашлицата престануваше или се сведуваше на минимум“ – изјави Грувески.
Тоа значи поради кашлица бил приморан да „позајми“ пари од партиската каса за да си купи неколку станови плус и земјиште високо на Водно, каде ќе изгради вила за да диши чист воздух, а не да се гуши со обичните смртници низ градот Скопје.
„Додатен доказ ми е што одкако сум дојден во Будимпешта, каде воздухот е многу почист од скопскиот, тој проблем или го немам или се јавува многу ретко и многу пократко, наместо цели 4 месеци како во минатото.“ – пишува Груевски. Веројатно и причината за бегство од Македонија е истата кашлица. Сега не кашла на маџарски воздух.
Ако некој сака, ова може да го интерпретира дека јас бев еден од засегнатите од загадениот воздух во Скопје, и во тој контекст, особено во вториот дел од мандатот ставив голем акцент на тоа да се истражат причините за загадувањето и евентуални можни акции за подобрување на состојбата, но тоа е друга тема за која сум говорел.
Ова значи човекот крадел, ама и имал намера да ни го исчисти воздухот, за и ние да не кашламе како него.
Кашлицата беше толку силна, што со големи тешкотии ги водев состаноците и тоа изгледаше многу непријатно и за мене и за сите присутни, па некако стана интерна тема, а стана и тема во јавноста на некои од изборните кампањи кои беа во тој период, бидејќи често кашлав на самата говорница.
Се сеќавам дека една докторка која се трудеше со разни лекови да ја скроти кашлицата шеговито во една прилика ми рече дека најдобар лек би ми дала ако ми ги даде клучевите од нивната викендица на планина. Ама Никола не сакал да ги земе, зашто планирал сам да си игради викендица со парите во ВМРО во Крушево на Вршник на 1600 метри надморска висина.
Како и да е, точно е дека тоа го имам разговарано со Мартин Протогер на таа тема повеќе пати и во тој контекст и препораката на лекарите да најдам начин почесто да сум на повисоки места, каде воздухот не е загаден. Значи вината за арамилакот е кај лекарите кои го терале Никола со сила да „позајмува“ кеш од касата во Палатата, он морал да слуша лекарски совети и да си игради вила на повисоко.
Во еден таков контекст, како што денес и навел Протогер, точно е дека повеќе пати имам раговарано со него и имам споделено размислување да најдам некое земјиште во општината Сопиште, кое истовремено е многу блиску до Скопје, цената на земјиштето е ниска и прифатлива, а воздухот далеку почист отколку во градот. Водно и Крушево не биле доволни, па човекот се решил и за резервна вила во Сопиште.
Точно е дека десетина години повремено особено во периодите на обилна кашлица ќе го спомнев тоа во негово присуство, иако за жал презафатен со обврските не преземав конкретна акција. Само што ги „позајмил“ парите, а на име на кумот и разни секретарки купил куп станови и земјишта.
Сè до тука Протогер ја зборува вистината и тој ме подржуваше во таа намера, па дури и размислуваше и тој во иднина да се пресели во таа соседна општина на градот Скопје“ – изјавува Груевски, обвинувајќи го Протугер дека го наведувал и поттикнувал да лапа кеш за таа намена, а тој не сакал.
Многу чесен човек е господинот Никола Груевски!