
Добрила Кацарска избрана за нова претседателка на Уставниот суд
Со шест гласа „за“, од вкупно девет уставни судии, Добрила Кацарска е избрана за нова претседателка на Уставниот суд.
Со гласањето е постигнато потребното двотретинско мнозинство за избор на претседател на Уставниот суд.
За судија на Уставниот суд е избрана на 26 Ноември, 2020 година. Претходно, Кацарска била претседателка на Основниот суд 1 во Скопје од 2005 до 2009 година.
За медиумите, Кацарска изјави дека ќе се заложи да го подигне угледот и отвори судот за јавноста.