
Дали Трамп ќе биде обвинет за кривични дела?
Највисокиот обвинител на Менхетен ја свика големата порота која треба да одлучи дали ќе го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп. Се очекува обвинителите да поднесат кривична пријава во истрагата за Организацијата Трамп, изјавија блиски извори за „Вашингтон пост“.
Според весникот, големото жири треба да заседава три дена во неделата во следните шест месеци. За тоа време, најверојатно, ќе се презентираат докази од извори надвор од истрагата за Организацијата Трамп.
На оваа изјава, Трамп ги спореди новостите како “продолжение на најголемиот лов на вештерки во историјата на Америка“.
Обвинителството во областа Менхетен одби да даде коментар за американските медиуми. Вестите сигнализираат дека тимот на обвинители на Венс е при крај на нивната истрага.
Обвинителите испитуваат дали Организацијата Трамп ги довела во заблуда заемодавателите и осигурителните компании за вредноста на имотите и платиле соодветни даноци. Тимот на обвинители ја истражуваше Организацијата Трамп повеќе од две години.
Обвинителството разгледува обемни документи, вклучително и даночните пријави на Трамп. Ова следи откако Врховниот суд го блокираше обидот на Трамп да запре налог за повикување на неговото сметководство.
Истрагата ги опфаќа Трамп Тауер, семејниот имот – Севен Спрингс, неговиот хотел во Чикаго и исплатата на пари кон Сторми Даниелс, филмската ѕвезда за возрасни. Трамп ја негираше аферата, додека пак Даниелс тврдела дека е во врска со Трамп.
Истрагата на јавниот обвинител привлече повторно внимание на почетокот на овој месец. Веста дека државниот обвинител на Њујорк Летитија Џејмс се придружил на истрагата, го стави Трамп во фокусот на медиумите.