ХАОС на Плетвар

Uncategorized, Македонија

Веќе неколку часа заглавени стојат десетици возила. Возачите и во текот на денот се жалеа дека патот е лизгав и недоисчистен. Според нив улога во блокадата имаат и возачите кои немаат задолжителна зимска опрема на нивните возила.

Како и секоја година така и оваа снегот во декември е големо изненадување за надлежните служби.

Повеќето општини се соочуваат со непристапни улици и отежнато движење.

Инаку температурите веќе неколку дена во овој дел од Македонија се ниски, а на превојот и завчера имаше подолги задржувања. Освен автомобили заглавени се и голем број товарни возила.