ДЕМАНТ од генерал Рацај: Не го познавам злосторникот Ратко Младиќ

Изјави

Пензионираниот генерал Рацај ги демантираше информациите објавени во текст на 09.12.2021 година, во врска со неговата професионалната кариера во ЈНА и поврзаноста со злосторникот Ратко Младиќ, без да навлегува во поврзаноста со високи функциони во МО.

Во демантот се известува дека господин Рацај е роден на 01.08.1961 година во село Сичево во Република Косово, и не потекнува од Струга. По завршување на воената академија на 26.07.1986 година во Белград, Република Србија, прво вработување му било како офицер на ЈНА со чин потпоручник во гарнизонот во Охрид, каде го примил командантот на гарнизонот, потполковник Стјепан Паздријан.

Тоа значи кога он бил распределен во тој гарнизон во Охрид, поточно месец септември 1986 година, злосторникот Ратко Младиќ не бил командант на гарнизон Охрид. Тоа може да го потврди и самит пензиониран полковник Стјепан Паздијан. Совесно и одговорно тврди дека никогаш во животот пензиониран генерал Рацај не се сретнал со осудениот злосторник Ратко Младиќ.

Кога стапил во брак на 11.04.1987 година на неговата скромна свадба во една соба под кирија, единствено присутни биле членовите на неговата потесна фамилија од Република Косово, за што поседува и фотографии.

Пензионираниот генерал Рацај, секогаш бил против српско – руската политика за дестабилизација на државите од Балканот, а за време на војната во Р. Косово од режимот на Милошевиќ му биле убиени членови на неговото потесно семејство и му бил изгорен целиот имот на неговите родители.

Ве потсетуваме дека унапредувањето во чин бригаден генерал беше на предлог од тогашниот министер за одбрана г-дин Фатмир Бесими од партијата ДУИ.

Барам јавно извинување од порталот кој ја објавил веста, во случајов МКДенес, под присила за тужба, се вели во демантот на г-дин Рацај.

МКДенес нема да навлегува во толкување на фактите кои предходно беа објавени и овие изнесени во демантот на г-дин Рацај, се извинуваме за било која навреда или клевета кон него, без разлика на толкувањето на објавата. Во исто време го повикуваме господинот пензиониран генерал Рацај на ексклузивно интервју, на кое ќе му се даде простор и време специјално за него и неговите аргументи, колку и да е потребно, само јавноста да биде објективно известена.