
ВУЧИЌ со мировна економска порака во духот на Отворен Балкан
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во духот на економските политики и регионална соработка на проектот Отворен Балкан, најави дека земјата во 2022 и 2023 година ќе набави уште околу 30 воени хеликоптери и дека ќе биде хеликоптерска велесила во регионот, јави дописникот на МИА од Белград. Со други зборови, додека вие чекате економско обединување, ние воено се опремуваме да ве потчиниме.
-Голем број воени хеликоптери се набавени годинава и претходните години, а очекувам големи набавки на хеликоптери следната година и во 2023 година. Очекуваме уште вкупно 18 плус 12 хеликоптери, изјави Вучиќ по демонстрацијата на хеликоптерски единици на Воздухопловните сили и ПВО и 63-та падобранска бригада во Ниш. Тие се набавуваат и стратешки поставуваат за воени интервенции на југот на Србија, Македонија и Косово. Таман за економско обединување!
Вучиќ порача дека Србија ќе има и 11 хеликоптери Х145, потоа четири Ми35, три Ми17, плус 11 или 12 Ми35, кои ги купуваат половни од една членка на ЕУ.
-Значи, ние ќе бидеме, ако можам така да кажам, хеликоптерска велесила во овој регион, нагласи Вучиќ.
Тој денеска пред новинарите изјави дека на средбата со компаниите од одбранбената индустрија на Србија е донесена одлука за помош на домашната наменска индустрија со 145 милиони евра во првиот квартал од 2022 година. Со тоа Вучиќ ја покажа посветеноста на вложувањата во регионалната економска соработка, преку развој на српската воена индистрија која ќе произведува оружје со кое ако не сте мирни, газда Вучиќ ќе ве превоспита.
Како што кажа денеска е донесена одлука и дека Србија во следните пет години ќе нарача опрема, оружје и орудија, возила и муниција, мини, ракети од домашната наменска индустрија во вредност од 1,25 милијарди евра. Се во духот на регионалната стабилност и соработка, особено со Заев и Димитров од Македонија, кои се истрошија објаснувајќи ја идејата за Отворен Балкан.
Вучиќ истакна дека со зголемувањето на платите на припадниците на војскатае запрен е одливот на луѓе од армијата.