ТAЛИБAHЦИTE нe cе тoa штo бea, г*з дaдoa зa пapи

Свет

Заврши славата на Taлибанцитe во Aвганиcтaн. Тие денеска соопштија дека под меѓународен притисок ќе забранат присилни бракови за жени, што се смета за еден од предусловите на меѓународната заедница да ја признае нивната власт и да ја обнови финансиската помош за земјата разурната од војна.

Указот беше издаден од талибанскиот лидер Xибатyлax Aкyнзaда, во време на широко распространета сиромаштија во Aвганиcтaн, која расте откако талибанците насилно ја презедоа власта во август по повлекувањето на американските и HATО-трупите.

Откако тaлибанцитe дојдоа на власт, други земји ја прекинаа финансиската помош за Aвганиcтaн, која беше главен столб на економијата на земјата до ова лето.

Во декретот се наведува дека жените и мажите „треба да бидат еднакви“ и оти „никој не може да ги принудува жените да стапат во брак под принуда или притисок“.

Правата на жените значително се подобрија во изминатите две децении, за време на меѓународното присуство во Aвганиcтaн, но многумина сметаат дека се загрозени по враќањето на талибанците на власт.

За време на претходното владеење на екстремистичката група, од 1996 до 2001 година, на жените им беше забрането учество во јавниот живот и пристап до образование.