Дали БРАНКО гласаше за нов лидер на СДСМ!?

Политика

СДСМ денеска го бира заменикот на Заев. За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.

Поранешниот лидер Бранко Црвенковски сеуште не го дал својот глас за нов лидер на црвениот  СДСМ. Помеѓу членовите се шпекулира дека истиот не бил пријавен односно немал електронска црвена  картичка, а со тоа неможе да го оствари своето право на избор.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев денеска во општинскиот штаб на партијата во Струмица го оствари правото на глас на вонредните внатрепартиски избори.

Не сакаше да даде изјава за медиумите.

Според Викторија Мадиќ, претседателка на ЦИК на партијата, сите 194 гласачки места во 80 општини биле отворени навремено, во 08.00 часот изутрина. Гласањето  се одвива непречено, без застои, во демократска атмосфера и со почитување на мерките за заштита од КОВИД 19.

Членовите кои не успраа да се регистрираат за време на предвидениот рок, денеска се регистриаат на гласачките места, по што можат да го остварат своето право на глас. Сите членови на СДСМ со електронска членска картичка имаат право на глас. За 3 часа од отворањето на сите избирачки места излезноста е 12 отсто што е добар податок, изјави Мадиќ. 

Гласачките места се отворени до 19.00 часот до кога и трае гласањето.