СУДБИНА на Бугарија, секогаш ја владеат Македонци

Живот

Интересно е да се анализира потеклото на врвните политичари во Бугарија, кои во овој момент управуваат со таа држава. Скоро сите се со македонско потекло. Тоа се повторува од денот кога Бугарија е прогласена за независна држава, па до денес.

Новата власт на Бугарија ја сочинуваат тракиските Македонци, пред се со потекло од Егејот, од кои повеќе од 70% се од Драма или Серес.

Претседателот Румен Радев е родум од Димитровград, населен пред се со егејски Македонци. Името на градот доаѓа од името на Македонецот, претседател на комунистичка Бугарија, Георги Димитров. Неговите родители се со потекло од хасковското село Славјаново.

Премиерот Кирил Петков е од Пловдив, бесмртниот град основан од Филип Втори Македонски, па до денес. Во Бугарија го нарекуваат како „Градот на Македонците“, населен главно со тракиски Македонци, а преку 70% од населението е од Егејска Македонија.

Министерот за финансии и вицепремиер Асен Василев е родум од Хасково, слично како Румен Радев. Министерот за култура Атанас Атанасов е исто од Хасково.

Министерот за одбрана и досегашен премиер Стефан Јанев е исто од Пловдив, роден во село Поповица.

Но најинтересен е новиот претседател на бугарскиот Парламент, 34 годишниот адвокат и најмлад на таа функција во историјата на Бугарија, Никола Минчев.

Тој е родум од Велес, Република Македонија и целосно отворено тоа го истакнува во неговата биографија. Никола Минчев од Промените продолжуваат роден е 1987год. адвокат со македонско потекло. Неговиот прадедо Никола Шавкулов од Прилеп бил познат трговец, финансиер на ВМОРО и ВМРО со над 200.000 лева за 30години, а прабаба му Екатерина од позната велешка фамилија Хаџимишеви.

Очигледно Бугарија ја живее онаа народната во Македонија, „роди се сине и порасни, да ја владееш Бугарија“!