Добро утро од Аматерката со ВОЗОТ В СНЕГ на Зоки

Добро утро, Политика

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop eдeн фaкyлтeт

ВОЗОТ В СНЕГ НА ЗОКИ ЗАЕВ

Возот е заглавен в снег. Неизвесно е дали ќе  успеат да овозможат локомотивата да го продолжи патот или ќе остане да корозира на шините. Од досегашните случувања очигледно е дека некои индивидуи од „дружината“ се обидуваат со раце да го расчистат но сеуште повеќето стојат на страна чекајќи да дојде друга локомотива која ќе го направи тоа без да вложат сопствен труд.

На сите им е јасно дека единствена опција е повторно да се здружат но желбата за „домаќин на задругата“ преовладува и ги разединува. Зоки несакајќи  да се откаже од позицијата домакин се обидува да ги надитри останатите и божемски да се откаже.

Сето тоа за да ги мотивира  да продолжат со голи раце да го расчистуваат снегот, а тој заедно со својата дружина  удобно да  ја чекаат другата локомотива. Итроманецот Зоки свесен е дека неможат „со голи раце“ да го расчистат снегот и се надева дека  бргу ќе се изморат и ќе  заспијат.

Така Зоки ќе продолжи  понатаму во своите намери да ги надитри останатите. Се поизвесно е дека  возот нема да продолжи по својот пат заедно со сите патници. Ќе остане додека да се стопи снегот заедно со  изморените и заспаните. А нивниот длабок сон ќе му овозможи на Зоки и дружината да се прекачат во друга локомотива.

Само една другарка од дружината слезе од возот на претходната станица како да знаеше дека ќе заглави и воопшто не е  оптеретена со состојбата во која се наоѓаат останатите патници.